НВО-секторот се спротиставува на изградбата на експресниот пат Охрид – Пештани

Во функција на изградбата на експресниот пат Охрид – Пештани, Европската банка за обнова и развој, како финансиер на предложениот проект, во Охрид организираше серија консултативни состаноци со невладиниот сектор и со локалната власт, јавува агенцијата Мета.

НВО-секторот, со исклучок на Туристичката асоцијација, се спротиставува на изградбата на новата сообраќајница, тврдејќи дека иднината на Охрид е зелената алтернатива, а не нејзиното уништување. За невладините организации, овој проект значи уништување на паркот Галичица, што, всушност, е уништување на планината и, индиректно, на езерото. „Охрид СОС“, го нагласија непобитниот факт дека Охрид е туристичка атракција токму поради својата природа. За нив, да се збрише природата на Охрид, ќе значи Охрид да се избрише од светската карта на туристички дестинации.

„Македонија е земја-кандидат за влез во ЕУ и, како таква, треба да ја почитува и да се залага за стратегијата на ЕУ – паметен, одржлив и инклузивен пораст. Иднината на Охрид е алтернативниот туризам – активности кои ќе привлекуваат туристи во текот на целата година, не само во една сезона“, додаваат од „Охрид СОС“.

Присутните граѓански организации остро се спротиставија на имплементацијата на предлог-проектот поради повеќе причини. Пред сè, незаконска и неприфатлива е промената во зоните на заштита во Националниот парк Галичица. Планскиот документ не е во согласност со целите на Планот за управување (ПУ) со паркот. Доколку се реализира овој проект, ќе се уништи заедницата на македонскиот даб, дефинирана во Директивата за хабитати како приоритетно живеалиште, која според предлог-проектот се наоѓа кај јазолот Трпејца, велат од граѓанските асоцијации.

Целата вест прочитајте ја на веб-страницата на Мета.