Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска упати апел до мандатарот Зоран Заев при составување на владата да го почитува Законот за еднакви можности според кој, жените треба да бидат застапени на сите нивоа и позиции со најмалку 30 проценти.
„Очекуваме дека ќе ја почитувате законската обврска при изборот на министри/ерки. Националниот совет за родова рамноправност како организација која повеќе од 20 години работи на родовата рамноправност бара почитување на Законот за еднакви можности со кој се гарантираат квотите од 30 до 40 проценти рамноправна застапеност на жените на одлучувачки позиции“, стои во барањето на НСРР до мандаторот Заев.
Од Националниот совет се надеваат дека целосно ќе се почитува Законот за еднакви можности и остварување на родовата рамноправност како демократска земја.