НСА тајно ги следела мејловите на Гугл и Јаху

Националната агенција за безбедност (НСА) тајно ги надгледувала серверските центри меѓу Јаху и Гугл, без нивна согласност, објави весникот „Вашингтон пост“ кој приложи документи преземени од поранешниот соработник на тајните служби Едвард Сноуден.

НСА тајно ги следела е-мејловите на Гугл и Јаху

Според весникот, проектот бил насловен MUSCULAR, а покрај американската, во него учествувала и британската тајна служба GCHQ.

Вашингтон пост“ пишува дека НСА на овој начин добила директен пристап до стотици милиони е-мајл сметки на Јаху и Гугл.

Според документите, безбедносните агенциите можеле да пресретнуваат податоци од оптичките кабли што ги користат американските интернет гиганти.

Според еден таен документ од 9 јануари 2013 година, НСА испраќала милиони записи дневно од Јаху и Гугл во седиштето на Агенцијата во Форт Мид. Засегнати од ова би можело да се неколку стотици милиони граѓани, главно Американци.

Од НСА ги демантираат ваквите тврдења. Според  шефот на НСА, Кит Александер, за да добие пристап до комуникациски податоци, Агенцијата мора преку ФБИ да добие судска дозвола, тврди тој.

Во меѓувреме Јаху и Гугл испратија соопштение во кое стои дека не знаеле за упадот во нивните системи и не е дадена дозвола на ниту една владина институција за прислушување.

„Вознемирени сме околу тоа колку далеку отишла владата“, рече првиот човек на правната служба на Гугл, Дејвид Драмонд.