НСА: Сноуден ги украде „клучевите на кралството“

Поранешниот службеник на НСА, Едвард Сноуден всушност ги украде „клучевите на кралството“ кога објави повеќе од 1,5 милиони тајни документи, изјави високото официјално лице од американската Агенција за национална безбедност, Рик Леџет.

НСА: Сноуден ги украде „клучевите на кралството“

Леџет кој што во НСА е задолжен за проценка на влијанието од она што го направи Сноуден, во интервју за телевизискиот канал „ЦБС“ изјави дека поранешниот агент поседува „мапа на патот“.

Тој предупреди дека е загрижувачки тоа што Сноуден украл 31.000 документи, кои што се доверливи и содржат информации за кои што се интересира Агенцијата. Од кои што дел се однесуваат и за можностите и слабостите на САД.

„Тие информации може да им овозможат на нашите непријатели „мапа на пат“ на она што ние го знаеме, или пак да го откријат она што не го знаеме и да ги заштитат информациите од известувачките служби на САД, тоа се „клучевите на кралството“, вели тој.

Леџет нагласи дека би дозволил амнестија на Сноуден, доколку тој би се согласил да претстане да објавува доверливи информации. Во меѓувреме, директорот на НСА, генерал Кит Александер ја отфрли секоја идеја за амнестија на Сноуден.