Новото видео на НАСА го прикажува константното затоплување на Земјата

НАСА објави вознемирувачки вести.

Собирањето на податоци кое се одвива во последниве 140 години, покажува дека 2019 година е втората најтопла година во историјата, што значи дека 19 од последните 20 години се најтоплите години во модерната историја.

Во новото, едноминутното видео, НАСА дава збирен преглед на климатските трендови од 1980 година до сега. Во 2019 година, Земјата, која постојано се загрева, била потопла за 2 степени според Фаренхајт (1 степен Целзиус) отколку во доцните 1980. Како што посочила вселенската агенција, ваквото затоплување резултирало со досега невидените пожари и топењето на мразот во Гренланд.

„Во 2015 година, Земјата непоправливо се затопли за два степена по Фаренхајт и температурата не можеме да се вратиме на првичната температура. Ова покажува дека затоплувањето е константно, а не е грешка во природата поради некој временски феномен: знаеме дека ваквиот климатски тренд е настанат поради зголемените испуштања на штетните гасови во атмосферата“ – изјавил Гевин Шмит, директор во „Годарт“ центарот за вселенски истражувања во НАСА.

Емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата на нашата планета се зголемуваат со неверојатна брзина. Испуштањата на јаглерод диоксид не биле волку високи во последните 800,000 години, иако најверојатно и во последните 1 милион години. Страшен е фактот дека тие се испуштаат со брзина која не е предвидена за овој геолошки и историски период.

Податоците на НАСА се согласуваат со податоци од други истражувачки агенции како Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА), која собира податоци од преку 20,000 метеоролошки станици.

Затоплувачкиот тренд расте. Последната декада била најтопла. „Секоја декада од 1960 година па досега е потопла од претходната“ – дополнил Шмит.

Извор: Mashable