Новото ЛП-издание на Daft Punk, „Random Access Memories“ излегува на 20 мај

Новото ЛП-издание на Daft Punk, „Random Access Memories“ излегува на 20 мајДолгоочекуваниот нов албум на легендарното француско електронско дуо „Daft Punk“ ќе излезе на 20 мај, соопшти бендот на својата нова веб-страница, посветена на ЛП-изданието наречено „Random Access Memories“.

Албумот е прв што „Daft Punk“ го издава за издавачката куќа „Columbia“ и е прв за бендот по музиката за филмот „Tron: Legacy“,  од крајот на 2010. Објавата на датумот на излегување на новиот албум е последната во низата дозирани информации кои бендот  во изминатите неколку месеци ги пласираше во јавноста околу новото издание. Претходно, беше соопштено дека албумот ќе содржи 13 нови песни, со вкупно траење од 74 минути. Изминатиот викенд, за време на шоуто „Saturday Night Live“,  повторно била емитуван спот со петнаесет секунди со дел од новиот материјал на „Daft Punk“, а на Youtube се појави подолг клип од една и пол минута, со музика од нивниот нов албум: