Новото лого на вселенските сили на САД исто како од „Ѕвездени патеки“

Претседателот Доналд Трамп преку Твитер го откри логото на вселенските сили, новиот одред на американската војска основан за да се справува со заканите кои доаѓаат од вселената.

Но, како што пренесоа светските медиуми, логото во форма на стрелка што се издига над планетата со sвезди во позадина, неодоливо потсетува на она од серијата „Ѕвездени патеки“, од 1966 година.

Следеа бројни хумористични коментари на социјалните мрежи, а Пентагон потоа се јави преку соопштение.

„Симболот на делта, на најголемиот дел од логото, започна да се користи во американските воздушни сили уште во 1942 година и се користи на ознаките на вселенска агенција од 1961 година“, или пет години пред да се појави серијата,,Ѕвездени патеки “ , велат од Пентагон.