Новогодишна изложба на учениците од средното уметничко училиште

Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ – Скопје приредува новогодишна изложба која ќе се отвори во училишната галерија „Лазар Личеноски“ вечерва (26 декември) во 19:00 часот.

Новогодишна изложба на учениците од средното уметничко училиште

На изложбата ке бидат претставени дела од учениците од сите четири години и таа ќе претставува пресек на досега сработеното по уметничките предмети во прво полугодие кои се изучуваат во училиштето. Ќе бидат претставени и првите изработени задачи од новиот оддел за Мултимедиски дизајн.

Од училиштетето велат „Со гордост нагласуваме дека оваа изложба се случува во предвечерието на големиот јубилеј на единственото уметничко училиште во нашата држава. Во далечната 1944 на заседание на АСНОМ, Методија Андонов –Ченто го потпиша решението за формирање на училиштето. Го најавуваме прославувањето на 70 години од постоењето на ДСУЛУД. „Лазар Личеноски“ во годината која доаѓа“.

Изложбата ќе ја отвори Министерот за образование и наука на Република Македонија Спиро Ристовски.