Новогодишен пливачки митинг на Специјална олимпијада Македонија

Новогодишниот пливачки митинг во организација на Специјална олимпијада Македонија ќе се одржи денеска во базенот „Борис Трајковски“, од 15 до 18 часот.

На пливачкиот митинг ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија, со и без попреченост. Во рамки на програмата е предвидена најпопуларната трка на 25 метри со помагала, трки на 25м, 50м и 100м, како и ревијална јунифајд штафета 4×25м (комбинирани тимови од пливачи со и без попреченост).

„Ајде да ги пополниме трибините на базенот Борис Трајковски до последното место. Пливачи ја очекуваат нашата поддршка, а ви ветуваат возбудливи натпреварувања“, повикуваат од Специјална олимпијада.