Новогодишен настан на Младинскиот центар Надеж

Здружението Центар за социјални иницијативи Надеж традиционално го организира новогодишиот настан, во чии рамки спроведува и базар на новогодишни декорации наменет за собирање средства за хумана цел.

Новогодишен настан на Младинскиот центар Надеж

Годинава, под мотото „Со новогодишна хуманост, дајте ни можност”, на 20 декември (петок) од 18 до 21 часот во клубот ГЕМ, во Стара скопска чаршија ќе се одржи Новогодишна приредба подготвена од децата Роми кои учествуваат на активности спроведени во младински центар на здружението Надеж.

Новогодишен настан на Младинскиот центар Надеж

Дваесетина деца, кои неколку месеци вредно се подготвуваа, ќе танцуваат како снегулки, ќе ги глумат Дедо Мраз и Баба Мразица, ќе пеат песни за Снешко и ќе посакаат среќни празници. По приредбата, посетителите ќе имаат можност на базарот да купат новогодишни декоративни предмети изработени од самите деца на креативни работилници.

Новогодишен настан на Младинскиот центар Надеж

„Минатата година средствата собрани од продажбата ги наменивме за новогодишни пакетчиња за 60 деца од Центарот. Овој пат, поради намалените финансии за активности, одлучивме средствата од хуманитарниот базар да ги алоцираме за продолжување и проширување на тековните работилници со децата“, појаснуваат од Младинскиот центар на Надеж.

Новогодишен настан на Младинскиот центар Надеж

Покрај помошта на децата во нивните секојдневни училишни задачи, едукаторите и волонтерите во Центарот изведуваат и други едукативни, креативни и рекреативни работилници адаптирани на потребите и интересите на децата. Истовремено, Центарот им обезбедува ужинки, облека и училиштен материјал за работа на сите деца кои го посетуваат.