Новогодишен концерт на „Танец“ вечерва во МОБ

Вечерва (29.12), со почетокод 20 часот, ќе биде одржан новогодишен концерт на Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.
Концертот се одржува традиционлално пред секоја Нова година, веќе 67-ма година по ред.

На концертот, играорците и пејачите на „Танец“ ќе ги изведат најубавите дела од годината која изминува, но и најпознатите традиционални македонски песни и ора. Концертот ќе го отсвири и оркестар во живо.