Ново зеленило во Градски парк во Скопје и чистење на Сарај

Екипите  на ЈП „Паркови и зеленило“ почнаа да го уредуваат  зеленилото на две локации во Градски Парк.

Првата локација  спроти Хотел Канет и езерцето кај Стадионот  е со површина од 4.400 квадрантни метри,  а  втората површина од 1.900 квадратни метри е спроти паркингот пред Фонтаната Лотосов цвет и влезот во Градски парк, бидејки постојната тревна површина е од пред 40 години и е со надмината физиолшка старост.

На двете површини ќе се засадат вкупно  200 украсни грмушки, перени и листопадни садници што ќе ги надополнат  постојните  дрвореди.  Најавено е и поставување нова хидрантска мрежа и прскалки.

Истовремено, се случува и акцијата за генерално чистење на општината Сарај, во којашто учествуваат заедн со ЈП „Комунална хигиена“. Акцијата, како што соопштија од претпријатијата, ќе трае во текот на претстојните неколку дена на цела територија на општинатата.