Ново студентско секојдневие – Психолошки и емоционален фитнес

*Предавањето се поместува во 19:00. 

Младински образовен форум и Фондацијата за демократија Вестминстер (WFD) го најавуваат циклусот отворени предавања за студенти насловени „Ново студентско секојдневие“.  Првото предавање е насловено „Психолошки и емоционален фитнес“ и ќе се одржи на 23 април во 18:00 на платформата за видео комуникација Zoom.

Предавач на ова предавање ќе биде психологот и психотерапевтот Ана Попризова. Таа за време на предавањето ќе зборува за ново настанатата ситуација од која особено се погодени младите и студентите, категорија за која е карактеристична бурната социјална интеракција која во моментов им е ускратена. Дополнително ќе се обиде да објасни што се случува на психолошки план кај младата личност во новонастанатите услови, ќе зборува за начините на справување и одржување на психолошката рамнотежа, но и ќе предложи кратки вежби кои можат да се користат за самопомош во овие услови.

Оние што сакаат да ги проследат предавањата треба да ја пополнат апликација: https://forms.gle/7A3E33MGgMutjzzy8 и да се вклучат на линкот во терминот на посакуваното предавање, кој ќе ви биде испратен на вашата e-mail адреса.

„Во ова време на пандемија светот е ставен пред нов и непознат предизвик, време во кое од нас се бара адаптација во нашето секојдневие. Ваквата ситуација особено ги погоди студентите и младите луѓе и нивниот начин на живот, меѓусебна интеракција, но и нивната иднина. Со цел да одговори на постоечката ситуација и да им помогне на младите да се справат со кризата и последиците кои ги носи истата МОФ ќе организира циклус отворени предавања за студенти насловени „Ново студентско секојдневие“, стои во најавата за предавањата.

За време на предавањата студентите ќе имаат прилика да научат теми од областа на ментално здравје, демократија, право, економија и сите области кои може да влијаат на нивниот развој во ново настаните услови.

Циклусот отворени предавања за студенти „Ново студентско секојдневие“ е организиран во рамки на проектот „Зајакнување на демократските компетенции и учество на младите луѓе“, имплементиран од страна на Младински образовен форум, а во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.