Ново раководство на Европската студентска унија, Тодоровски реизбран за потпретседател

Над 100 делегати од 47 национални унии на студенти од 39 држави учествуваа на средбата, на која беше избрано новото раководство на Европската студентска унија. Новоизбраните ќе претставуваат повеќе од 15 милиони студенти во Европа, а за еден од двајцата потпретседатели на Извршниот одбор повторно беше избран Блаже Тодоровски.

Функцијата претседател на Извршниот одбор му припадна на Фернандо Галан од Шпанија. Освен Тодоровски, за заменик-претседател е избрана и Леа Меистер од Швајцарија. Нивниот мандат трае една година и ќе започне на 1 јули 2015 година.

Фернандо Галан работел како заменик-претседател на ЕСУ од јули 2013 година, а една година претходно, беше член на Извршниот комитет на ЕСУ. Откако започна со неговото универзитетско образование, тој е вклучен во различни нивоа на студентска застапеност, воглавно во областа на обезбедување на квалитет, онлајн учење и признавање. Како ЕСУ претставник, Фернандо има учествувано во Болоњската група за контрола на различни групи на експерти на ЕУ и УНЕСКО.

„Мојата цел е да го донесам ЕСУ во центарот на вниманието на сцена, создавајќи политика која ќе стои за студентските права, и ќе се грижи сите студенти да имаат еднакви можности и пристап до добар квалитет на високо образование. Треба да изградиме сојуз со другите студентски организации од целиот свет, со цел да учиме едни од други и да ги заштитиме учениците од напади. Сега повеќе од било кога ние треба да бидеме сигурни дека образовниот систем им овозможува на студентите да станат активни членови на демократски, толерантни и отворени оштества“, одговори Галан, прашан за тоа кои се неговите очекувања од позицијата претседател.

Блаже Тодоровски e поранешен претставник на македонските студенти во Европската студентска Унија (ЕСУ) и е вторпат избран да биде потпретседател на Извршниот комитет на оваа организација. Претходно, тој беше три години член на Комитетот и неговата работа се фокусира на евалуацијата на квалитетот на високото образование низ сите европски факултети.

Леа Меистер моментално учи Образовни науки и има магистерска диплома за Историја на уметноста во Источна Европа и словенски јазици од Универзитетот во Базел, Швајцарија. Меистер беше претставник на швајцарската Студентска унија и членка на групацијата на болоњските експерти. Од 2014 година, таа е член на извршниот комитет на Европски студенти.