Ново од Google Street View – корисниците ќе можат да искачуваат карпа од дома

Со новата функција на Google Street View, корисниците ќе можат да искусат екстремни авантури додека се на удобно место. Компанијата соопшти дека за првпат, корисниците ќе можат да ја искачат вертикалната карпеста формација El Capitan во Калифорнија, без разлика каде се наоѓаат. Тие ќе можат виртуелно да доживеат искачување на оваа стрмна карпа од речиси 1000 метри.

Ова е овозможено благодарение на фотографиите направени од светски познатите планинари Alex Honnold, Lynn Hill и Tommy Caldwell.

Фотографиите наменети за The Street View биле направени со огромно внимание користејќи јажиња за камерите. Откако камерата била стабилна, екипажот поделен во две групи, направил повеќе снимки и ги повика останатите планинари да се вклучат во искачувањето.

Hill е првата личност што го искачила работ на El Capitan без опрема, освен со повремено користење на јаже. Овојпат, тој повторно го искачи, изјавувајќи дека секое ново искачување на оваа карпа, за него е се полесно.