„Ново киноутро“ во Кинотека

Со проекции секој викенд напладне, почнувајќи од идниот, 8-ми и 9-ти јануари, во Кинотека на Македонија традиционално ќе се одржи „Ново киноутро“.

„Штрумфови“, „Вини Пу“, „Мапетите“, „На Марс му требаат мајки“, „Авантурите на Тин Тин“ и „Приказна за играчките“ (трет дел), но и македонските документарни филмови „Ако никој не свири“ (15-ти и 16-ти јануари) и „Денот да е радосен“ (17-ти и 18-ти јануари) се дел од програмата за почетокот на 2015-та година во Кинотека.

„Ако никој не свири“, од 2010 година, е филм за Васко од „Бернајс пропаганда“ и за почетоците на неговиот бенд, за неговата и за истрајноста на бендот да издржат во настојувањата да свират кога ретко кој свири. „Денот да е радосен“ пак, својата премиера ја имаше на Синедејс пред неколку месеци и зборува за бендот „Културно уметнички работници“.

Првата вечер од „Денот да е радосен“ во Кинотека се најавува и акустичен настап на „Културно уметнички работници“.