Ново издание „Здраво млади“ на 31 август во МКЦ со „НиплПипл“

Деветтото издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“, ќе се одржи на 31 август во МКЦ,  објавија организаторите.

Подготовките велат дека се во тек, а го најавија и првото музичко име за 2019 година, хрватското мистериозно дуо „НиплПипл“ (Nipplepeople).

„НиплПипл“ е електро-поп дуо основано во 2008 година. Својата популарност ја стекнува настапувајќи на сите релевантни музички фестивали во регионот како EXIT, Hartera, Terraneo… Во Македонија ќе настапи за прв пат, на деветтото „Здраво млади“ .

Првите билети веќе се пуштени во продажба, по цена од 300 денари, само на билетарница во МКЦ или на bileti.mkc.mk.