Ново искачување од серијалот „Почни со Водно“ со диџеј Чарли

Вечерва од 18 часот со старт од училиштето „Кочо Рацин“ ќе започне ново искачување на скопската планина од серијалот „Почни со Водно“, а во склоп на настанот традиционално ќе има и музички собир.

Овој пат, ноќта ќе биде посветена на олд скул музиката, Р&Б, фанк, рок, поп, реге…. Присутните ќе ги забавува еден од основачите на „Bob Marley day“ –  диџеј Чарли.

„Не заборавај, можеш со точак, можеш пешки. Од некаде мора да се почне. Почни со тренинг, почни со дружба, почни со нас. #ПочниСоВодно. Те очекуваат бајкерско – хајкерска коалиција, Macedonian Bike Riders Друштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia, велат организаторите на настанот.

„Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел – алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.  Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците. И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние“, стои во најавата за настанот.

Повеќе информации ТУКА.