Ново инклузивно игралиште во населбата Карпош 2

Игралиште со површина од 429 м2 со реквизити  соодветни за користење и од децата со попреченост е направено во населбата Карпош 2. Сумата која Град Скопје ја издвои за уредување на оваа површина изнесува 2.900.000 денари.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на прес-конференција посочи дека градот продолжува контиунирано продолжува со инвестиција во делот на инклузивноста на сите сограѓани

„Игралиштето е направено со адаптирани реквизити за да можат децата слободно и комотно да ги употребуваат, и е со сите заштитни мерки кои се потребни, вклучително и гумиран под. Искрено верувам дека секој човек и граѓанин има право на еднаква шанса, а ние како инстиуции сме должни тие шанси да им ги даваме“, рече Шилегов.

Подлогата на игралиштето е направена од гумени панели кои овозможуваат поголема безбедноста на децата кои ќе играат на ова игралиште, се посочува во соопштението на Град Скопје.

Од Град Скопје исто така додаваат дека како за потсетување, во изминатите три месеци се отворени Центар за ран детски развој во општина Центар и сензорна соба во општина Бутел, наменети за деца со развојни задоцнувања, односно попречности и се изградени две инклузивни игралишта погодни за децата со попреченост.