Ново достигнување на Wikipedia – пет милиони објави на англиски јазик

После речиси петнаесет години постоење на најголемата онлајн енциклопедија, англиската верзија на Wikipedia постави нов рекорд: пет милиони објави.

Објавата која со која беше достигнат рекордниот број е текстот за persoonia terminalis, грмушка која расте во источна Австралија. Напишана е од Cas Liber, австралиски волонтер кој има напишано повеќе од 1500 објави на Wikipedia.

Заедницата на Wikipedia, по повод големото достигнување, потсети дека уште имаат долг пат пред нив. Според нивните пресметки, за да се покрие и сумира сето човечко знаење ќе бидат потребни 100 милиони објави. Дури и кога тоа би се случило, многу од веќе постоечките пет милиони текста во енциклопедијата се лошо уредени и неточни, и ќе биде потребно многу време и преправки за да сé да биде точно.

Извор: Gizmodo