Новите дебатери се натпреваруваа на најголемиот почетнички дебатен турнир

Над 220 средношколци дебатери и судии викендов учествуваа на досега најголемиот Национален дебатен турнир за почетници организиран од Младински образовен форум.

Новите дебатери се натпреваруваа на најголемиот почетнички дебатен турнир

Низ 103 организирани дебати беше избран најдобриот почетнички дебатен тим – во состав Небојша Јовановиќ, Ана Арсовска и Софија Панова како и најдобрите индивидуални дебатери – Софија Панова како најдобар говорник, Филип Бошковски како втор најдобар говорник и Стефан Ристовски како трет најдобар говорник.

Новите дебатери се натпреваруваа на најголемиот почетнички дебатен турнир

На турнирот се натпреваруваа вкупно 50 тимови од четиринаесет градови од Македонија кои дебатираа на тезата „Генетски модифицираната храна треба да се забрани“. Секој дебатер беше ставен во улога да размислува за колку храната која ја конзумираме е причинител за болести, колку граѓаните се информирани и едуцирани за состојките на храната и дали прехранбената индустрија се грижи за здравјето на граѓаните или пред се за остварување на профит.

Новите дебатери се натпреваруваа на најголемиот почетнички дебатен турнир

„Од особена важност е поттикнување на младите на дебата и отворена дискусија преку која ќе ги градат своите ставови базирани на аргументи и факти, наместо претпоставки. Давајќи им на младите улога да развиваат или бранат одредени политики од една страна и да ги воочуваат слабостите на истите од друга страна, помагаме кон креирање критичка младина која може да биде релевантен актер во носењето одлуки. Со дебатата како  алатка младите ја промовираат културата на дијалог во општеството, но и се едуцираат за општествено важни прашања“, се наведува во соопштението од Младинскиот образовен форум.

Новите дебатери се натпреваруваа на најголемиот почетнички дебатен турнир

Дебатниот турнир за почетници од МОФ е еден од најзначајните настани на Дебатната програма во рамките на Програмата за неформално образование. Овој настан е поддржан од Фондација Отворено општество Македонија, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Интернационалната дебатна асоцијација (ИДЕА) и ФОН Универзитетот.