Новиот лондонски градоначалник има план за спас на клупската сцена

Во последните десет години, бројот на клубови во Лондон речиси се преполовил – во 2005 година имало 3144 , а лани – 1733 клубови во британската престолнина. Луѓето, по се изгледа, се повеќе сакаат да се забавуваат во своите домови, во стовариштата и на фестивалите, наместо во клубовите. Но, оваа состојба може да се промени, ако се оствари планот кој го претстави новиот градоналачник на Лондон, Садик Кан.

Кан вели дека планира, по примерот на Амстердам, да назначи ноќен градоначалник, кој ќе ја претставува културата на ноќниот живот и бизнисот поврзан со него, на официјалните седници на Советот на градот.

Градоначалникот, исто така, ќе воведе програма со која ќе се финансира звучната изолација на клубовите, за да се спречи пропаѓањето на еден клуб кога до него се гради станбена зграда. Во исто време, ќе биде донесен и нов пропис, со кој ќе се отежне градењето врз места од посебно значење за заедниците.

„Не сакам младите и креативни жители на Лондон да го напуштаат градот и да се селат во Амстердам, Берлин или Прага. Сакам тие да бидат во можност да го слават она што го сакаат во градот што го сакаат, наместо да ги казнуваме или да ги тераме да бегаат во „подземјето““, изјавил Кан во интервју за Dazed.