Новиот албум на Radiohead ќе излезе во јуни, вели менаџерот на групата

Менаџерот на британскиот бенд Radiohead, Брајан Месиџ во интервју вчера изјави дека новиот албум на бендот ќе излезе во јуни. Ова е првпат некој толку близок до бендот да соопшти кога ќе излезе долгоочекуваниот албум, прв за бендот по „The King Of Limbs“ 0д 2011 година.

Radiohead претходно ја најави светската турнеја, во чии рамки групата од 20 мај до 4 октомври ќе одржи дваесетина концерти во Европа, Северна Америка и Азија. Шпекулациите за новиот албум се појавија во јануари, кога Radiohead основа нова компанија, слично како што тоа го направи пред издавањето на претходните два албума.

Според извори блиски до групата, британските медиуми јавуваат дека новиот албум на Radiohead ќе биде нешто што „не сме го слушнале досега“.