Новиот албум на Мугер Фугер – бесплатно на веб-страницата на PMG

Новиот албум на скопскиот алтернативен состав Мугер Фугер, „Продолжи да сонуваш од денеска е достапен за бесплатно преземање од веб-страницата на издавачката куќа PMG. Албумот, кој содржи десет песни, е снимен во соработка со редица познати македонски инструменталисти, вокалисти и текстописци.

Групата вечерва (27 март) во 21:00 часот организира „слушачка промоција“ на новото издание во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, која ќе биде збогатена со диџејски сетови на Јане Алтипармаков и Мирко Попов.