Новинарски федерации: ЕУ директивата за авторски права е голем чекор напред

Европската комисија објави предлог за директива за авторски права која ќе помогне да им се даде повеќе моќ на новинарите. Предлогот обезбедува механизми за адресирање на лошата преговарачка позиција на авторите и изведувачите при преговарање за условите на користење на нивната работа.

Меѓународната и Европската федерација на новинарите (ИФЈ и ЕФЈ) го поздравија предлогот како „голем чекор напред“ во заштитата на авторските права на новинарите и ги повикаа сите институции на ЕУ да вложат максимални напори за подобрување на начинот на надомест на авторите во законодавниот процес кој следи.

Препознавајќи ја „лошата преговарачка позиција“ на авторите и изведувачите, нацрт директивата за авторски права ќе воспостави 3 механизми на единствениот дигитален пазар за да обезбеди поправичен надомест за авторите и изведувачите. Прво, обврска за транспарентност на работодавците да известат за користењето на делата на авторите и изведувачите. Второ, механизам за усогласување на договорите во случаи кога надоместот исплатен на авторите и изведувачите е пренизок во споредба со приходите генерирани од експлоатацијата на нивната работа. Трето, механизам за решавање спорови со кој ќе се спречи барање на правата на суд.

„Новинарите немаат информации за тоа колку се користат нивните дела и не можат да проценат дали се правично платени“, рече Филип Лерут, Претседател на ИФЈ.

Тој нагласува за многу случаи кога новинари и фотографи морале да се откажат од нивните права. „Се надеваме дека овој нов предлог на ЕУ ќе го води патот кој усвојување на дополнителни глобални инструменти за подобрување на договорните односи на авторите и ќе резултира со соодветен надомест за користењето на нивната работа“, вели тој.

Федерациите, исто така, го поздравија предлогот колективното преговарање да претвори во клучен инструмент за постигнување договор помеѓу авторите/изведувачите и нивните работодавци за обврската за транспарентност.

„Колективното преговарање е од основно значење за обезбедување на подобри работни услови за нашите колеги и новинарските синдикати се подготвени да играат важна улога во воспоставувањето на обврските за транспарентност“, рече претседателот на ЕФЈ, Могенс Блишер.

„Ние ќе продолжиме да притискаме за поголема правичност во договорното преговарање на ниво на ЕУ. Предложената директива претставува голем чекор напред кон поправедни договорни односи“, додава тој.

Предлогот исто така им дозволува на новите издавачи ново право на лиценцирање на публикациите кои се користат на интернет.

Двете федерации настојуваат ова право да не се користи како изговор за да се принудуваат новинарите и фотографите да ги пренесуваат своите права. Тие исто така тврдат дека надоместот кој произлегува од ова право треба подеднакво да се дели со новинарите и да се регулира преку организации за колективен менаџмент.

Федерациите инсистираат дека предлогот треба да ја одрази важноста од јакнење на колективното менаџирање на правата за да се овозможи правичен надомест на авторите и нивните работодавци, како и потребата да се избегнуваат исклучоци кои би ја поткопале заштитата на авторските права. Предложената директива ќе биде проследена до Европскиот парламент и Европскиот совет за понатамошни дискусии.