Новинарите Трајковска и Димитровски и вицепремиерот Бесими на дебата за слободата на изразување

Јавна дебата во организација на Diversity media production на тема: „Зошто македонското општество слободата на изразување не ја гледа како демократска вредност?“ ќе се одржи во понеделник (29 април) во Клубот на новинари во Скопје.

На темата ќе дебатираат Оливера Трајковска, автор на емисијата „Вин винˮ Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на дневниот весник „Нова Македонијаˮ и Фатмир Бесими, вицепремиер за европски прашања во Владата на Република Македонија.

Дебатата е прва во низата вакви настани што ги најавува Diversity media production.