Новинарите од МПМ и денеска штрајкуваа

Новинарите и медиумските работници од Медиа принт Македонија и денеска штрајкуваа. Тие во петокот го започнаа штрајкот, кој траеше четири часа, а од утре ќе трае по шест часа. Информираа дека штрајкот е на неопределено време.

Вработените од весниците „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“ побараа навремена исплата  на платите и на придонесите, но од менаџментот засега нема одговор. .

Компанијата „Орка Холдинг“ во петокот соопшти дека бизнисменот Јордан Камчев го продал својот дел од Медиа принт Македонија и сега единствен сопственик останува Срѓан Керим.

Додека новинарите во петокот штрајкуваа, обвинителите и истражителите на СЈО го истражува финансиското работење на МПМ. Оттаму се уште не откриваат за што станува збор, бидејќи се работело за предистражна постапка.