Новинари ги споделуваа своите гафови во солидарност со колешка

Видеото на Наташа Егзелби, која хонорарно работи како презентер и продуцент за австралиската телевизија АБЦ24, стана вирално на социјалните мрежи, по нејзината панична реакција додека замислено игра со пенкалото, откако сфаќа дека камерите во програма во живо се префрлуваат на неа.

По краткиот гаф, презентерката бргу се поправа и програмата продолжува.

Индепендент пренесува, дека и покрај информациите дека на Егзелби им било забрането понатамошни ТВ појавувања, директорот на телевизискиот канал преку соопштение го демантирал тоа.

„Наташа Егзелби е повремен соработник и не е вработена во телевизијата. Таа е ангажирана на одредени смени кога тоа е потребно. Детали за смените на поединци се доверливи и не се нешто што АБЦ јавно го коментира“, соопштил портпаролот на телевизиската мрежа.

Покрај оваа ситуација, голем број на колеги на Егзелби и презентери во знак на солидарност ги споделуваа своите телевизиски гафови со користење на хаштагот #PutYourBloopersOut.

„Ви благодарам за срдечната поддршка. Не беше тоа мојот најдобар час. Јас и моето фасцинантно пенкало ве поздравуваме “, преку шега Егзелби се заблагодари на колегите за поддршката.