Новинар запали џоинт на интервју со претседателот на Уругвај

Новинарот од веб порталот Vice, одлучил да дојде сосема припремен на неговото интервју со претседателот на Уругвај, Хосе Мухика, па така додека разговараа тој си запали марихуана, пренесе 24 Вести.

Новинар запали џоинт на интервју со претседателот на Уругвај

Освен што Мухика стои на чело на државата, тој е познат и по тоа што целосно ја легализираше продажбата и производството на марихуана во земјата.

Ова е веројатно единствениот претседател кој со насмевка на лицето го гледаше младиот новинар како го пали својот џоинт, додека пред камерите разговараа на различни теми.

Британскиот весник „Економист“ лани го прогласи Уругвај за држава на годината. Оваа титула ја доби поради реформите од кои „корист може да има целиот свет“. Освен што ја легализираше марихуаната, Уругвај минатата година ги призна и хомосексуалните бракови. „Економист“ оцени дека таквата политика „го зголемила глобалниот извоз на среќа без никаков финансиски трошок“.

Канабисот е најкористената дрога во светот по алкохолот, а во изминатите години, многу земји го декриминализираа. Освен Холандија, каде е дозволено купување и одгледување, и американските држави Колорадо и Вашингтон изгласаа закони со кои се дозволува рекреативно користење марихуана.