Новинар што работи во порталот на албански јазик „Порталб“ (portalb.mk) добил закани, откако на овој медиум беше објавен текст за можни злоупотреби на службената положба од поранешниот министер за правда и поранешен градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети.
Случајот бил пријавен во полиција, а биле известени и Здружението на новинари, Делегацијата на Европската Унија, како и други надлежни органи.
Во текстот на „Порталб“, за Блерим Беџети пишува дека тој, како градоначалник на Сарај, овозможил неговиот шеф на кабинет, Бекир Муамеди, да добие тендер во вредност од 810.000 евра.