Новинар ги објавува сите лаги кои Доналд Трамп ги кажува секој ден

Канадскиот новинар Даниел Дејл, кој пишува за весникот The Toronto Star, ги запишува и набројува сите лаги и полувистини кои кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, ги кажува секој ден.

На прашање кој е рекордниот број на лажни изјави кои Трамп ги има кажано во еден ден, одговорил: „Избројав 18 лажни изјави во вторникот. Тоа е рекордот досега. Но, само што почнав да го правам ова“.

Дејл вели дека ги добива информациите преку гледање на видеа и читање транскрипти од сите јавни настапи на Трамп. Тоа може да трае неколку часа, зависно од тоа колку зборува во еден ден.

Иако Трамп често е на мета на јавноста поради лагите кои ги кажува, Дејл сепак чувствува дека треба некој да потенцира.

„Има долга листа на причини зошто не го критикуваат уште повеќе: огромниот обем на лаги прави да биде тешко да се држи чекор. Може да биде тешко за ТВ новинарите кои го интервјуираат да го проверат во реално време. Тие и другите медиуми имаат традиционално колебање лагата да ја наречат лага. Треба многу време и истражување за оваа работа“.

Дејл планира да ги објавува лагите на Трамп се до изборите во ноември.

Вели дека добива измешани реакции, но претежно се позитивни.

„Поголем дел од времето, читателите се задоволни што некој им ги обезбедува овие информации во таква форма. А жестоките противници на Трамп се среќни што некој бара одговорност од него на било каков начин. Ме навредуваа и голем број поддржувачи на Трамп, а понекогаш тврдат и дека некои од неговите тврдења се всушност точни“.