Нови земјотреси во Охрид, најсилниот од 4 степени

Земјотрес со јачина од 4 степени денеска во 11 часот и 39 минути ги вознемири жителите на Охрид. Подоцна , во овој реон се почувствувани уште три помали потреси.

Првиот потрес се случил во 11 часот и 42 минути, од 2,3 степени со епицентар на 2 километри источно од Охрид. Вториот два часа подоцна со епицентар на 8 километри источно од Охрид и јачина од 2,4 степени. Третиот потрес пак со јачина од 2,8 степени и епицентар бил на 8 километри југо-западно од Ресен, на длабочина од 5 килоемтри е почувствуван во 14 часот и 31 минута.

Во текот на изминативе две недели во охридското епицентрално подрачје забележани се над 800 послаби потреси.