Нови Сад – граѓани им дале имиња на дрвјата за да го зачуваат паркот

Секое дрво во близина на музејот Војводина, во Нови Сад од вчера има свое име, соопштуваат граѓаните, обединети во граѓанска иницијатива за зачувување на зелените површини во околината на музејот.

Граѓаните во Нови Сад им дале имиња на дрвата за да го зачуваат паркот, на чие место градските власти сакаат да изградат јавна гаража.

Од иницијативата ги повикале своите сограѓани да го посетат паркот и да се фотографираат со дрвата, а потоа тие фотографии да ги испратат на јавната  фејсбук група „Да го зачуваме паркот кај музеј Војводина“.

Од граѓанската иницијатива најавуваат дека ќе продолжат со собирање на потписи за петицијата со која се спротивставуваат да се изгради гаража на местото на паркот.