Нови Сад е европскиот главен град за млади за 2019

Европскиот младински форум го прогласи Нови Сад за Европски главен град на младите за 2019 година. Српскиот град доби најмногу гласови од жири-комисијата, во конкуренција со Амиен од Франција, Дери Сити, Страбан и Манчестер од Велика Британија и Перуџа од Италија.

Ова признание за Нови Сад значи дека градот целата 2019 година ќе работи на создавање повеќе можности за младите, вклучително и преку новоформираниот „Локален младински форум за управување“, кој ќе овозможи на граѓанското општество да влијае на младинските политики. Едногодишната програма на иницијативи има намера дополнително да ги поттикне младите луѓе да станат проактивни иницијатори на позитивни промени, внесувајќи иновативни идеи, не само во Нови Сад, туку и на национално и меѓународно ниво.

novi-sad-2019-glaven-grad-za-mladi

Од Европскиот младински форум велат дека мотото на градот – „отворени врати“, симболизира развој на нови можности за младите луѓе во градот, но истовремено и создавање мостови мостови со други региони и држави. Нови Сад како европскиот главен град на младите ќе биде посветена на работење на различностите, развој на посебни проекти во сферата на родова еднаквост, ЛГБТИК + права и инклузија на бегалци.

Титулата на „Европски главен град на младите“ ја доделува Европскиот младински форум во период од една година на град од Европа, преку кој му се дава шанса тие да го покажат културниот, општествениот, политичкиот и економскиот живот и развој на младите.