„Нови Мерки, старо другарство“, маалска претстава за деца на плочникот „Агромеханика“

Утре, со почеток во 20 часот ќе започне детската театарска претстава „Нови Мерки, старо другарство“, а изведена ќе биде во Центар, на плочникот „Агромеханика“. Под слоганот „Гледај театар од тераса“, настанот е во организација на КСП Центар – Јадро и Општина Центар.

Во претставата ќе глумат актерите Дениз Абдула, Нина Елзесер, Елдин Широки и Ема Давчева.

„Денис, Ема, Нина и Елдин се четворица другари кои се соочуваат со новите правила на друштвените игри. Вонредната состојба донесе и вонредни правила во игрите на улица. Дали новите правила ќе направат промени во нивното друштво или се’ ќе остане по старо? Дали ќе можат да ги променат старите навики за да се прилагодат на новото време? Прилагодувањата се тешки, но овие четворица другари мора да најдат начин да си играат по новите правила“, се вели во описот на претставата, објавен во соопштението.