„Нови енергии“ – изложба на ДЛУМ посветена на млади уметници

Денеска во 12 часот, во уметничкиот центар „Арт хаб“, Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе ја отвори изложбата „Нови енергии“. Центарот се наоѓа на вториот спрат во ГТЦ во Скопје.

Изложбата е посветена на младата генерација членови на друштвото.

„Сметаме дека треба да им се даде шанса да ја прошират сцената на изложбените активности со свој иновативен пристап. Ќе ја помогнеме можноста на откривање нови таленти, сериозно посветени млади уметници, а оваа изложба ќе биде и нивна отскочна штица за остварување на слободата на изразот“, најавува ДЛУМ.

Во последните три години, во ДЛУМ се зачленија повеќе нови уметници, штотуку дипломирани на Факултетот за ликовни уметности и на други уметнички факултети.

На изложбата, Ана Трајковска ќе ја прими наградата „Нови енергии“ за делото насловено „Vicarious“.