Нови едукативни табли во ЗОО Скопје

Во Зоолошка градина Скопје денеска започна поставувањето на нови едукативни табли пред секое од живеалиштата, на кои посетителите ќе можат да ги прочитаат најинтересните информации за секое животно.

Покрај таблите, од ЗОО Скопје информираат и дека на две локации се поставени и нови тоалети. Покрај стандардните тоалети има и тоалет за хендикепирани лица, како и просторија за пресоблекување на бебиња.

Од ЗОО Скопје додаваат дека се вршат и последните подготовки за отворање на живеалиштето за двете слоници кое ќе се случи оваа сабота со почеток од 11:30 часот. На настанот „За европска Зоолошка“ ќе настапат Златно Славејче и Пет+ бенд.

Надлежните упатуваат и апел до посетителите да не ги вознемируваат и хранат животните, туку кон нив да се однесуваат со љубов.