Нови 454 случаи на SARS CoV-2, пријавени 14 починати лица во изминатото деноноќие

Денес се регистрирани 454 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, направени се 3.019 тестирања, а пријавени се 14 починати лица во изминативе 24 часа, информираше Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи во Скопје се регистрирани 187, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 30, Штип – 29, Кавадарци – 25, Велес и Тетово – по 17, Охрид – 12, Кочани и Пробиштип – по 9, Крива Паланка и Ресен – по 7, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица – по 3, Берово и Кичево – по 2, Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52г, 53г, 66г, 77г , 80г и 87г), 2 починати лица од Велес (57г и 85г), и по едно починато лице од Кочани (62г), Битола (71г), Куманово (73г), Струмица (73г), Кратово (77г), и Кавадарци (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.

Во изминатото деноноќие се бележат 236 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 3738, Куманово 429 и Битола 489. Високи бројки има и во Прилеп 387, Велес 368 и Кавадарци 334.