Нови 21 барањe за азил вчера поднесени до МВР

Во текот на вчерашниот ден се поднесени нови 21 барање за азил во Република Македонија од 19 полнолетни и 2 малолетни лица соопшти Министерството за внатрешни работи. Сите барања се поднесени од мажи, а најголемиот дел од барателите, 12 се по потекло од Сирија, 3 од Пакистан, по 2 лица се од Алжир и Мароко и по едно од Ирак и Египет.

Со тоа, од започнувањето на издавањето на потврдите до 8 јули 2015 година до Одделението за азил биле  поднесени вкупно 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, најголем дел од сириски државјани.

Инаку, во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.07.2015 година се евидентирани вкупно 59 баратели на азил, од кои 48 баратели на азил се мажи, 3 баратели на азил се жени и 8 баратели на азил се малолетни лица.

Во периодот од 19 јуни до 8 јули  2015 година, 9.510 странски државјани добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странци кои илегално влегуваат на нашата територија. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 6.567, потоа Авганистан-807, Ирак-511, Пакистан-421, Сомалија- 303, Палестина-246, Конго-241, додека останатите се во помал број.