Нови 194 случаи на ковид 19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починаа две лица од Ковид 19, направени се 1697 тестирања, а регистрирани 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2, Неготино-1.

Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-8, Дебар-13, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-29, Струга-2, Велес-6, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-8, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-14, Крива Паланка-2, Радовиш-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-1, Виница-5, Кичево-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 175, позитивни и сомнителни на Ковид-19.