Нови 10 случаи на Ковид 19, петмина оздравени и еден починат пациент

Министерството за здравство информираше дека денеска се потврдени се 10 нови случаи на Ковид-19, од кои 6 во Скопје, двајца во Куманово и по еден во Прилеп и Велес. Во изминатото деноноќие се регистрирани и 5 оздравени пациенти, додека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од утре ќе започне скринигот на повеќе критични категории. Први ќе бидат вработените во градинките.

„Ќе почнеме со вработени од градинка кои се на број близу 2000 со цел изготвување на протоколот  за работа на градинките за нивно ставање во функција“, рече Филипче.

Тој истакна дека бројот на заболени од Ковид 19 бележи пад и очекува мирен период. Истакна дека задно со Комисијата за заразни болести е донесен план за намалување на рестриктивните мерки во неколку фази.

„Намалувањето на мерките е согласно повеќе критериуми според СЗО. Три критеруими се клучни, прво дали епидемијата е ставена под контрола, понатаму дали здравствениот систем е во состојба да се справи со бројот на пациенти сега и со повторно појавување голем  бројот случаи по олеснувањето на мерките, и дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и да управува со случаите и нивните контакти и да идентификува евентуално појава на нови случаи“, рече Филипче.

Веќе од следната недела ќе биде препорачано отворање на дел од угостителските објекти, спортските тренинзи на отворено за колективни спортови. Во следна фаза е најавено и отворање на казината, автомат клубови, и враќање на тренинзите во затворени спортски објети, базени, фитнис клбови.

Во овој момент не е најавено скратување, но е можно одредено редефинирање на полицискиот час.

„Сепак, засега нема препорака до Владата за скратување на полицискиот час, но не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за ова со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мерките и ќе почнат повеќе компании да се враќаат на работа“, рече министерот Филипче.

Во однос на отворањето на границите, тој најави дека тоа ќе се дискутира со министрите од околните држави, во однос на тоа кои ќе бидат критеруми за влез и излез од земјите.