Новата GTA е официјално најскапата видеоигра во историјата

Петтото продолжение на популарната видеоигра „Grand Theft Auto ќе биде претставено на 17 септември, а оваа игра ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапа во историјата. За нејзиното развивање, според информациите од компанијата Rockstar, се потрошени над 200 милиони евра!

Новата GTA е официјално најскапата видеоигра во историјата

Повеќе од три милиони копии на новата GTA се веќе нарачани, а се очекува претставувањето да биде најголемиот забавен настан во Америка, поголем од кој музички албум или филмска премиера.

На играта работеле над 300 дизајнери, програмери и уметници, развивањетотраело цели пет години, а таа имала буџет поголем од кој било блокбастер. Впрочем, само филмот „Пирати од Карибите: Крајот на светот“ досега чинел повеќе од „GTA“ (226 милиони евра). Во цифрата од 200 милиони влегуваат и трошоците за маркетинг, а се очекува таа да му донесе на Rockstar повеќе од една милијарда евра уште во првата година.

Извор: Huffington Post