Нова видео игра инспирирана од активизмот

Поранешниот уредник и кинематограф на софтверската компанија „Valve“ со италијанско потекло Леонард Менкијари доби идеја за нова видео-игра: „Riot“. Идејата е многу посурова и покомплицирана отколку што звучи – не се работи само за пукотници или прскање со лут спреј:  неговата игра „Riot“  се заснова на вистински документирани бунтови од земјите низ светот (како оние во Египет и Италија), заедно со коментари и информации од директно засегнатите страни.

Нова видео игра инспирирана од активизмот

Бунтовите не му се непознати и на самиот Менкијари и тој се надева дека оваа игра ќе ги образова луѓето, поради тоа што играчот ќе ги игра двете страни на конфликтот „во кој не постои ниту победа ниту пораз“.

Менкијари се надева дека ќе ја развие играта за PC, Mac, iOS, и Android, а во меѓувреме се собираат и донации за развој на играта.