Нова средба денеска на средношколците и раководството во МОН

МОН ги повика средношколците на четврта средба за продолжување на преговорите во врска со нивните барања за укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на полагање државна матура, велат од Пленумот. Средбата ќе се одржи во 15:30 часот.

Со средношколците како монитори ќе одат Неда Чаловска од Хелсиншки комитет, Албулена Карага од Меѓаши и Ива Михајловска од кабиентот на Народниот правобранител.

Во моментов се одржува средбата на претставниците на Наставнички пленум со еврокомесарот Аиво Орав во ЕУ Инфоцентарот. Средношколците очекуваат потоа евроамбасадорот Орав да ги посети во кампот пред МОН.