Нова сезона на францускиот кино-клуб со проекција на „М“ во Кинотека на Македонија

Со прикажување на филмот „М“, во утре (19 октомври) во 20 часот во Кинотека на Македонија се отвора новата сезона на францускиот кино-клуб, во чии рамки еднаш месечно се прикажуваат современи француски филмови, известуваат од Францускиот институт во Скопје.

Се работи за прв долгометражен филм на младата актерка и режисерка Сара Форестие, кој беше одлично прифатен од критиката.

Форестие раскажува љубовна приказна за двајца млади, од различни социјални средини, во која и двајцата треба да се соочат со неписменоста на момчето.

Во главните улоги настапуваат Сара Форестие и Редуан Аржан, а филмот е со превод на македонки јазик.