Нова сезона на емисијата Отворено: „Условена препорака“ – европската интеграција во неизвесност

Првата емисија од втората сезона на Отворено ја најавува дискусијата „Условена препорака – европската интеграција во неизвесност“.

Во дебатната емисија ќе се бара одговор на прашањата: Дали е интеграција на Македонија во ЕУ, земја кандидат за членство од 2005, доведена во прашање со последниот Извештај за напредок во 2015? Како да се надминат критиките и забелешките за независноста на судската власт, слободата на изразување, управувањето со јавните финансии и изборниот процес?
Постои ли искрена политичка волја за реализирање на главниот услов за задржување на препораката – спроведување на договорот од Пржино?

Со граѓаните дебатираат Лидија Димова, претседателка на Националниот совет за евроинтеграции;Ермира Мехмети, претседателка на собраниската Комисија за европски прашања и Александар Јовановски, програмски координатор во Институтот за европски политики (ЕПИ)

Емисијата ќе се емитува на 16 ноември (понеделник), со почеток од 20:45 часот на ТВ 24 Вести.

Сите што сакаат да бидат дел од гостите во студиото ќе може да се пријават на http://goo.gl/26sAVs најдоцна до недела, 15ти ноември. Бројот на места во публика е ограничен. Учесниците во студиската публика ќе бидат контактирани од страна на организаторите. Прашањата, аргументите и мислењата може да се споделуваат на#отворено.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум, Млади Европски Федералисти на Македонија, финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД).