„Нова религија“, прва изложба на Дејмиен Хрст во Македонија

На 22 јуни, во 20:00 во Музејот на современа уметност на Скопје, ќе биде отворена „Нова религија“, првата изложба на Дејмиен Хрст досега одржана во Македонија.

Изложбата на еден од најзначајните современи уметници во светот претставува 44 графики и четири скулптури. Делата ги истражуваат вечните теми: живот, религија, смрт и вера. Ова се главни теми на интерес на уметникот, фокусирајќи се на сложените односи помеѓу медицината и религијата, како и помеѓу уметноста и религијата.

Изложбата досега е прикажана во Лондон, Осло, Москва, Венеција, Софија и Гдањск. Во Скопје, изложбата се одржува по повод 20-годишнината од работењето на Британски совет во Македонија и е резултат на соработката со Галеријата „Пол Столпер“ и НУ Музеј на современата уметност Скопје.

Изложбата ќе биде отворена за посетители од 22 јуни до 11 август.