Македонска пошта издаде нова поштенска марка посветена на децата со ретката болест Алпорт синдром.
Марката денеска излезе од печат и е прва таква марка во светот издадена за оваа ретка дијагноза. Инцијативата за нејзиното издавање е на активистката за ретки болести, инаку вработена во Македонска пошта, Лолеска Гордана.
Поштенската марка е со номинална вредност од 18.00 денари и прво печатење од 6000 примероци.
Дизајнот е на Татјана Поцевска, дизајнер во бирото за филателија.
„Македонска пошта со ова дело покажа по којзнае кој пат дека е општествено одговорна компанија која се грижи за своите граѓани за пациентите со ретки болести посветувајки поштенска марка на најранливата категорија – децата“, вели Лолеска.