Нова национална акција „Нахрани 10.000“ на 17 октомври

Низ повеќе градови од Македонија на 17 октомври (сабота) од 10 до 18 часот ќе се одржи уште една донаторска акција „Нахрани 10.000“.

Од „Ајде Македонија“ велат дека во земјава има повеќе од 450.000 граѓани кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден.

Од друга страна, недостасува начин на кој нивните сограѓаните би можеле редовно да донираат храна на оние на кои таа им е најпотребна.

„’Нахрани 10.000’ е национална акција за донирање на храна на одбрани локации поточно пред Маркети пред кои ќе бидат поставени штандови и ќе стојат волонтери кои ќе собираат храна од граѓаните кои сакаат да донираат и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани поточно правење хуманитарни пакети од собраните донации“, соопштува „Ајде Македонија“.

Целта е собирање на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.