Нова #КритичнаМаса денеска во Тетово

12-то организирано возење велосипеди низ улиците на Тетово – #КритичнаМаса, во организација на неформалната група „Тетово на точак“ се случува денеска од 14.00 часот, со почеток на градскиот плоштад.

„Пред официјалниот почеток на пролетта да извозиме уште една зимска критична маса, бидејќи ниедно време не е лошо време за возење велосипед. Дојдете и со вашето присуство помогнете да покажеме дека со велосипед ќе стигнеме побрзо каде било во градов“, се вели во најавата на настанот.